(Фото/Видео) Се огласи Адам Левин откако испливаа информации дека ја изневерил сопругата: „Преземам комплетна одговорност“

Кармин

21/09/2022

21:03

9.299

Големина на фонт

а а а

Овие денови пејачот на групата „Maroon 5“, Адам Левин, обвинет е од Инстаграм моделот Самнер Строх дека со неа пред една година имал љубовна афера и дека ја изневерил сопругата Бехати Принслу.

Самнер одлучила да ја искористи својата ТикТок слава, така што ќе открие со кого имала афера пред една година. Иако ова го направила со некаква цел, како што и самата вели, немала избор. Нејзината другарка која имала информации и докази за наводната афера ѝ се заканувала дека ќе им ги продаде на медиумите.


Самнер не сакала да го прифати тоа, па одлучила тоа да го направи пред неа и со својата приказна сама да излезе во јавноста. Се разбира, острите критики веднаш почнале да се редат во коментари, а многумина се надоврзале на фактот дека Бехати е модел на Викторија Сикрет и воедно прекрасна мајка, која не го заслужила ова.

По повод овие наводи, се огласи и самиот пејач, тврдејќи дека го загрозил својот брак поради контакти со други жени, но дека немало љубовна афера.


„Моментално сум главна тема и би сакал да ја разјаснам таа ситуација. Моја грешка е што за мојот емотивен живот разговарав со било кого, освен со мојата сопруга. Бев во многу лош период и немав афера, но ја преминав границата и во некои моменти тоа беше прилично несоодветно. Сега сакам да ги исправам тие грешки и веќе преземав одредени чекори.

Мојата сопруга и моето семејство е сè за што ми е грижа во овој свет. Да бидеш толку наивен и глупав за да го ризикуваш единственото нешто за што ти е грижа е најголемата грешка која некогаш можев да ја направам. Никогаш повеќе нема да ја повторам. Преземам комплетна одговорност. Ќе го надминеме ова. Ќе го надминеме ова заедно“, напиша пејачот на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk