Твитер конечно ја воведува „најбараната“ опција, но...

Точка

01/09/2022

21:39

23.317

Големина на фонт

а а а

Твитер започнува со тестирање на долгоочекуваната опција „Edit Tweet“ – опција која, по 16 години постоење на оваа социјална мрежа, ќе им овозможи на корисниците да ги изменат своите твитови по објавата.

Но, со опцијата се воведуваат и одредени правила.

Долго бараната опција е моментално во фаза на тестирање и најверојатно ќе функционира слично како опцијата „Edit“ на Фејсбук.

Како што се наведува во соопштението од компанијата, твитовите ќе можат да се уредуваат неколку пати во рок од 30 минути по објавувањето.

„Изменетите твитови ќе се појават со посебна икона и временска ознака, за на корисниците да им биде јасно дека не станува збор за оригиналниот твит“, се вели во соопштението.

Ознаката на изменетите твитови ќе вклучува комплетна историја на промените, а Твитер вели дека ја тестира ваквата опција на мал број корисници за да се исклучат можните злоупотреби.


Меѓутоа, кога ќе заврши интерното тестирање, функцијата „Edit Tweet“ ќе стане достапна само за „Twitter Blue“ претплатниците. Тоа значи дека, доколку сакате да ја користите, ќе мора да издвоите 5 долари месечно за претплата на оваа социјална мрежа. Дали и кога ќе стане достапна за сите, засега не е познато.

Џеј Саливан, потпретседател на Твитер, кон почетокот на оваа година изјави дека оваа опција е „најбарана веќе долга низа години“, но дека долго време одбивале да ја воведат поради загриженоста околу можната злоупотреба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг