НАСА го одложи лансирањето на „Артемис 1“ поради проблеми со моторот

Точка

29/08/2022

15:18

26.533

Големина на фонт

а а а

НАСА официјално го откажа денешното планирано лансирање на ракетата „Артемис 1“ поради проблем со „кондиционирањето“ на еден од четирите мотори на главната сцена на ракетата.

„Моторот не ја доби температурата со висока прецизност која се бараше“, изјавил комуникаторот за контрола на лансирањето, Дерол Најл.

Следниот обид најверојатно ќе биде на 2-ри септември.

„Артемис 1“ е првиот пробен лет на „Орион“, новата капсула на НАСА, споена со моќниот Систем за вселенско лансирање (СЛС), која ќе стане најмоќната ракета што некогаш ја напуштила Земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг