Јелена Ѓоковиќ отворено за болеста со која се борела: „Се обидував да се натпреварувам со Ноле...“

Точка

19/08/2022

21:00

17.460

Големина на фонт

а а а

Јелена Ѓоковиќ отворено признала дека имала проблеми со стресот и анксиозноста, па се вклучила во разни акции за да ја подигне свеста за тој проблем.

Јелена признала дека како некој којшто води сметка за својата исхрана и за здравиот живот, често јавно зборува за тоа обидувајќи се да ја подигне свеста за здравјето.

Таа признала дека имала проблеми со анксиозноста, истакнувајќи дека таа болест не е шега и дека истата многу влијаела на неа.

„Понекогаш се чувствував преоптоварено што многу влијаеше на моите резултати и отвореност за нови искуства, учење и пријателства. Анксиозноста и стресот не се шега“, истакнала таа.


Јелена исто така се придружила на екипата експерти кои се занимаваат со таа тема, обидувајќи се што повеќе да им помогне на луѓето, да го надминат тој проблем.

Како и секоја жена се обидувала сите обврски да ги префрли на себе, мислејќи дека е супержена и дека сè може сама.

„Бев анксиозна, тоа ме уништи, мојата слика за себе. Мислев дека сум супержена, дека можам да одговорам на сите потреби на мојот сопруг и децата, а потоа морав да се соочам со стравовите. И среќа е тоа што се случи затоа што се разбудив и сфатив дека морам да се посветам на себе“, изјавила Јелена за „Story“.

„Ќе биде храбро од мене што го кажувам ова пред милиони, но се обидував да се натпреварувам со Ноле. Мислев дека не добивам доволно признанија кои ги заслужувам, а дека мојата работа не вреди поради тоа што се одвива во позадина“, објаснила таа, па додала:


„Сè што правев беше невидливо. Жените немаат простор да проговорат, да се покажат и постои стереотип за жени спортисти, како треба да изгледаат и да се однесуваат. Некогаш ме болеше што сум позната како негова сопруга, сега со гордост го прифаќам тоа“, заклучила Јелена.

Инаку, анксиозноста стана една од водечките болести на модерното време. Сè повеќе млади луѓе имаат проблем со анксиозност, додека пак поголем дел од нив не знаат дека боледуваат од неа затоа што немаат развиена свест за тоа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг