Објавени фотографии од повредите со кои се здобила Анџелина Џоли во текот на кавгата со Бред Пит

Точка

19/08/2022

21:24

9.239

Големина на фонт

а а а

Објавени се фотографии од повредите со кои се здобила Анџелина Џоли во текот на кавгата со Бред Пит. Нападот се случил во 2016 година.

Како што наведува „Page Six“, Бред ја нападнал актерката во текот на приватен лет од Франција до САД. Џоли ги дала фотографиите на увид на ФБИ, а на нив се гледаат модринки на раката и лактот.


Актерката тврди дека во текот на тој лет, Пит кој бил во алкохолизирана состојба, ја одвел во тоалетот во авионот, ја зграбил за рамената и ја тресел додека ѝ викал дека таа го уништува семејството, стои во извештајот на ФБИ. Пит, од друга страна, ги негира ваквите тврдења на својата поранешна сопруга.


Двете нивни деца, чии имиња се наведени во извештајот, започнале да плачат и прашувале: „Мамо, дали си добро?“.

„Не, мама не е добро. Таа го уништува ова семејство. Луда е“, им одговорил Бред.


Анџелина понатаму навела дека едно од децата, чие име не е јавно објавено, кажало дека Бред е всушност виновен за сè, што го разлутило актерот. Тој потрчал кон детето, а Анџелина го грабнала одзади да го заштити детето од напад, по што актерот ја турнал и таа се удрила во седиштата позади нив.

Актерката тврди дека Пит во текот на целиот лет се однесувал чудно, постојано се бунел и викал на децата. Целото семејство било во шок од неговото однесување.


„Бев смрзната и исплашена, не знаев што да направам“, рекла Џоли.

Таа додала дека владеела напната ситуација помеѓу неа и нејзиниот поранешен сопруг, додавајќи дека поради неговите постапки во приватниот авион се почувствувала како заложник, открива извештајот на ФБИ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг