Челси го потврдија Касадеи, вкупно потрошија 191 милиони фунти под новите газди!

Макфакс

19/08/2022

18:01

3.083

Големина на фонт

а а а

Челси го потврдија својот шести трансфер ова лето под водство на новите американски газди, откако 19-годишниот Чезаре Касадеи пристигна од Интер за 12.6 милиони фунти, со што сумата потрошена на засилувања достигна фантастични 191.3 милиони фунти.

Тинејџерот Касадеи е еден од највисокоценетите млади италијански фудбалери и за него преговорите траеја цело лето, откако „нераѕурите“ одбија една понуда, но сепак, не се очекува тој на почеток да биде дел од првиот тим на Томас Тухел и најверојатно ќе игра за У-21 тимот.

Иако дел од навивачите на Челси беа разочарани што некои веќе „договорени“ фудбалери им избегаа, како Рафиња, кој се реши за Барселона, сепак, можат да бидат мирни дека и под новите газди, предводени од Тод Бели ќе се продолжи со трошењето на слично ниво како тоа со претходниот газда, Роман Абрамович.

ЛЕТНИОТ ШОПИНГ НА „АМЕРИКАНСКИОТ“ ЧЕЛСИ

Марк Кукуреља (Брајтон, 62 милиони фунти)

Рахим Стерлинг (Манчестер сити, 50 милиони фунти)

Калиду Кулибали (Наполи, 34 милиони фунти)

Карни Чуквуемека (Астон вила, 20 милиони фунти)

Габриел Слонина (Чикаго фајр, 12.7 милиони фунти)

Чезаре Касадеи (Интер, 12.6 милиони фунти).



Спонзорирани линкови

Маркетинг