Најубавата жена на светот ја следи тажна животна приказна: Овој маж го сакала 30 години, па починала откако му кажала „да“

Точка

19/08/2022

17:40

9.083

Големина на фонт

а а а

Популарната актерка Фара Фосет била една од најубавите жени на светот во филмската индустрија. Меѓутоа, нејзината животна приказна е навистина тажна.

Убавицата од „Чарлиевите ангели“ ја открила својата страст кон актерството уште како средношколка во Тексас, каде што е родена како ќерка на Џејмс Вилијам Фосет и Полина Алис.

Откако победила на некој натпревар за мис, се преселила во Лос Анџелес во 1969 година, со големо противење на нејзините родители, сепак одлучила да успее во Холивуд.

Прво снимала реклами, а потоа добивала и помали телевизиски улоги, но набрзо потоа се случило тоа што нејзината убавина и талент морале да го добијат како признание – успех.

Првата поголема улога ја добила во 1970 година во филмот „Mayra Breckinridge“, но критиките и публиката не биле воодушевени со ова остварување кое добило ознака на порнографска содржина. Но, тоа не ја предомислило актерката која продолжила да оди на аудиции.

Среќата ѝ се насмевнала кога во 1976 година ја ангажирала компанијата „Pro Arts Inc“ да се фотографира во бикини.

Фара инсистирала тоа да биде портрет во едноделно бикини, што на крајот ѝ било дозволено, а резултатот сите го знаеме – станува збор за една од најпознатите фотографии на поп-културата на 20-от век.

Оваа фотографија ѝ донела голема слава и следна улога во серијата „Чарлиеви ангели“ во која глумела покрај Жаклин Смит и Кејт Џексон.

„На самиот почеток мислев дека за успехот е заслужна глумата, но потоа сфатив дека тоа е така поради тоа што ниедна од нас три не носи градник“, се пошегувала во една прилика Фара.

Таа во тој период добила и номинација за Златен глобус и награда Еми, но во текот на 90-те години повторно почнала да глуми во филмови со помал квалитет.

Фара со години го одбивала повикот на „Плејбој“ да се фотографира за насловната страна поради што сите ги шокирала прифаќајќи го тоа во 1996 година на 48 години.

Следел период кога во медиумите се појавувала главно поради бизарното однесување во јавноста, а се шпекулирало и дека претерува со алкохол и наркотици, како и дека е многу нестабилна.

Негативниот публицитет дополнително ѝ го отежнувал животот, но Фара не се жалела јавно за своите проблеми.

Бракот со Ли Мејџорс траел од 1973 до 1982 година, а во времето кога се разделиле таа била во врска со Рајан О’Нил. Популарниот американски актер и Фара се засакале уште во 1979 година, а нивната врска била бурна.

Во текот на едно од бројните раскинувања таа се гледала и со продуцентот Џејмс Ор, а оваа врска ја одбележале тепачки, кавги, апсења и меѓусебни обвинувања за насилство. Сепак, на крај повторно се смирила со Рајан.

„Понекогаш Рајан ми го крши срцето, но тој е одговорен за мојата самодоверба“, изјавила таа во една прилика.

Парот во 1985 година го добил синот Редмонд. Љубовта траела со години со повремени раскинувања сè додека Фара не го „уловила“ својот сопруг во кревет со актерката Лесли Стефансон во 1997 година. По раскинувањето, ќерката на Рајан - Тејтум, тврдела дека нејзиниот татко бил насилен кон Фара.

„Имаше ужасна нарав и беше насилен. Ја тепаше“, изјавила таа.

Актерката не сакала ниту да го негира ниту да го потврди тоа, но познато е дека со Рајан се смирила во 2001 година. Врската продолжила многу помирно од некогаш додека биле млади, а потоа актерката добила дијагноза за канцер на дебело црево.

Таа прво ја криела состојбата, за потоа да дозволи на камерите да ја следат. Така настанал документарецот „Приказната на Фара“ во кој таа зборува за својата борба и лекувањето.

Целата своја агонија ја раскажала пред камерите, а снимањето траело болни и напорни 18 месеци.

„Борбата против канцерот стана моја лична војна. Мачнини, болки, висока температура, непрекинато предизвикување на мојата физичка сила и мојата ментална состојба. После една година борба и натаму не сфаќам зошто моето тело не реагира на терапијата и не престанувам да плачам. Но, не се предавам затоа што кога ќе го направите тоа веќе сте мртви“, изјавила актерката.

Сите биле изненадени кога на 22 јуни 2009 година О’Нил изјавил дека актерката конечно се согласила да се венча за него штом закрепне од здравствените проблеми.

Меѓутоа, три дена подоцна објавил дека Фара Фосет починала од канцер. Нејзината смрт била изненадувачка како и заминувањето на Мајкл Џексон, а приватноста на нејзиното семејство била почитувана, па Фара била погребана мирно и без присуство на медиумите на гробиштата Вествуд во Лос Анџелес.

„Беше здрава, во форма и прекрасна, а потоа состојбата одеднаш се влоши. Последните две години ја сакав како никогаш претходно затоа што беше толку храбра, бестрашна и чувствував стравопочит“, изјавил Рајан по нејзината смрт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг