5 години носела ланче кое криело огромна тајна: Идниот сопруг секојдневно се потел од мака да не дознае дека...

Кармин

19/08/2022

22:16

18.482

Големина на фонт

а а а

Како и секој млад пар така и тие сонувале за „тој момент“ и, и двајцата ја чекале вистинска можност за нов чекор во нивната врска.

Тие подолго време се заедно, а Ана посакувала запросување, додека пак Тери дел поради притисокот, а дел поради искрената љубов одлучил да ја запроси.


Поради тоа што во слободно време тој се занимава со резбарство и обработка на дрво, Тери од Австралија одлучил на својата девојка Ана за првата годишнина од врската да ѝ направи уникатно парче накит, па така уште пред пет години ѝ подарил ланче, но истото било посебно на повеќе начини. Ана немала поим дека во него Тери скрил дијамантски прстен.

„Еднаш шетавме во градот и поминувавме покрај неколку златарници, а на Ана ѝ се допадна едно ланче, додека пак на човекот му се допадна нејзиното, па малку недостасуваше да се заменат, а мене срцето ќе ми пукнеше“, вели Тери.


Парот отпатувал во Шкотска, а таму Тери кога сакал да ја запроси Ана, ја замолил да го извади ланчето. Додека таа била свртена со грб, романтичното момче клекнало, држејќи го во раката ланчето со прстенот којшто се наоѓал внатре.

„Ана се шокираше кога сфати дека ланчето се отвора, а потоа сфати дека околу вратот толку години имаше вреден прстен, па побледе“, раскажало момчето.


„Можев да го изгубам идиоте“, била нејзината прва, спонтана реакција, а потоа сфатила дека нејзиното момче ја запросило, па викнала: „Даааа!“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk