Ни Крит ниту Родос: Овој грчки остров за кој малкумина чуле е величествен син рај

Точка

19/08/2022

15:00

24.460

Големина на фонт

а а а

Кога ќе се споменат грчките острови, повеќето туристи прво помислуваат на Крф, Родос, Крит или Санторини, а ги занемаруваат дестинациите како Сирос, остров кој навистина има што да понуди и во кој веднаш ќе се заљубите.

Сирос е посакувана дестинација за сите кои сакаат поинакво културно искуство и атмосфера, а може да се пофали со едни од најдобрите ресторани и коктел барови на егејските острови, пишува „Greekreporter“.

Posted by Syros-Σύρος on Monday, July 18, 2011

На само 2 и пол часа од Атина (за оние кои патуваат со брз траект), Сирос има потполно поинаков изглед во однос на остатокот од грчките острови. Наместо класични сино-бели куќи, главниот град Ермуполи поседува волшебен неокласичен стил, а зградите повеќе наликуваат на италијанската Венеција отколку на Миконос.


Многу пешачки улици во престолнината се направени од мермер, а сите оние туристи кои сакаат да ги истражуваат градовите треба да се подготват за многу пешачење низ Ермуполи и Ано Сирос, знаејќи дека погледите во кои ќе уживаат ќе потврдат дека сè вредело за трудот.

Грчка „Миланска скала“

Двете најпознати згради на Сирос кои секако треба да се посетат се Градското собрание и театарот Аполон.

Пред величественото и масивно Градско собрание, туристите ќе го пронајдат еден од најголемите градски плоштади на егејските острови.


Театарот Аполон е исто така познат како „La Piccola Scala“, а тоа е затоа што е осмислен како помала верзија од познатата Миланска скала. Во театарот се одржуваат претстави, концерти и други музички настани во текот на целата година.

Apollo Theater, Ermoupoli-Syros Island #neoclassicalarchitecture #citystreets #stollingstory Photo AB

Posted by Angela Brisnovali on Saturday, March 19, 2016

Совршен за семеен одмор

Сирос е вистинско место за семеен одмор, а сите семејства со мали деца кои бараат помирни места и чиста морска вода, треба да ги посетат плажите Мегас Гиалос и Галисас.

Galissas beach, Syros.

Posted by The Beach Hunter on Tuesday, January 12, 2021




Спонзорирани линкови

Маркетинг