Најпопуларниот модел на фармерки за оваа есен: Сите познати дами го имаат во своите гардеробери, а еве како да го носите

Кармин

19/08/2022

14:17

11.026

Големина на фонт

а а а

Моделите на фармерки кои ќе бидат апсолутен хит во текот на претстојната есен се вистинско освежување кога станува збор за ова вонвременско парче облека.

Според мислењето на модните експерти, фармерките со широк крој ќе доминираат во есенската сезона.

Новите модни трендови јасно ставија до знаење дека помина времето на тесните, „skinny“ модели на фармерки, барем привремено. На нивно место дојдоа многу поудобни кроеви кои особено станаа популарни во текот на оваа година.


Широките фармерки многу брзо станаа дел од уличната мода, а голем тренд се и моделите со пократки ногавици.

Ни холивудските ѕвезди не му одолеаја на овој модел, па така Хејли Бибер, Дуа Липа, Џиџи и Бела Хадид не се одвојуваат од своите омилени примероци, кои совршено ги вклопуваат во своите препознатливи стајлинзи.

Сопругата на Џастин Бибер во една прилика беше забележана во широки фармерки кои ги искомбинирала со долг, црн кожен мантил, а како одличен контраст додала краток бел топ.


Џиџи Хадид носи модели инспирирани од карго стилот, а Елис Рос јасно покажува дека овој стил им прилега на сите генерации на жени.


Овој модел на фармерки може одлично да ви послужи како основа за креативни дневни стајлинзи, но со добар пар високи потпетици и некоја елегантна блуза ќе станете ѕвезда на вечерта, каде и да се појавите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk