Анчелоти го потврди бомбастичниот трансфер: Зборував со него, сака нов предизвик

Дерби

19/08/2022

13:26

2.913

Големина на фонт

а а а

Стратегот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го потврди трансферот на бразилскиот репрезентативец, Касемиро во редовите на Манчестер Јунајтед.

Искусниот тренер на „кралевите“ истакна дека Касемиро дека нема да биде во составот за утрешниот натпревар против Реал Бетис, но притоа посочи дека се уште не е постигнат конечен договор меѓу двете страни.

– Зборував со Касемиро. Сака да проба нов предизвик, а ние мора да ја почитуваме неговата желба. Ништо не е официјално, но негова желба е да замине.

– Нема да игра утре. Во тек се преговори, ништо не е официјално, но јасна ни е неговата намера, - изјави Карло Анчелоти за „Ел Чирингито“ практично потврдувајќи го неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ притискаат да го обезбедат потписот на играчот и да го вметнат во тимот кој во понеделник ќе се соочи со Ливерпул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг