Познати деталите од договорот и колку ќе заработува Касемиро во Манчестер Јунајтед

Дерби

19/08/2022

11:58

2.490

Големина на фонт

а а а

Веќе нема никакви дилеми, бразилскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Касемиро ќе биде нов фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Фудбалерот од средниот ред се очекува денес да пристигне во Манчестер каде ќе ги одработи неопходните медицински прегледи, а утре би требало и официјално да биде претставен како нов фудбалер на клубот.

За неговиот трансфер Манчестер Јунајтед ќе исплати 60 милиони евра, плус десет милиони евра изразени во бонуси. Се очекува, Реал да ја прифати оваа понуда на барање на самиот играч кој изразил подготвеност да се пресели на „Олд Трафорд“.

Касемиро во Манчестер Јунајтед ќе добие четиригодишен договор со можност истиот да биде продолжен на уште една дополнителна сезона.

Иако се шпекулираше дека фудбалерот ќе добие речиси двојно поголема плата од таа што ја заработува во Реал Мадрид, најновите информации говорат дека тој нема да има плата блиска со таа која ја има Давид Де Хеа, а која е 350.000 фунти неделно.

Касемиро, за разлика од другите фудбалери ќе има променлива плата, односно доколку Манчестер Јунајтед се пласира во Лигата на шампионите следната година, фудбалерот ќе добие покачување на примањата.

Инаку, од клубот се надевале дека ќе успеат да го регистрираат Касемиро за натпреварот со Ливерпул кој се игра во понеделник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг