Арсенал конечно се ослободува од најскапото засилување во историјата

Дерби

19/08/2022

11:28

1.838

Големина на фонт

а а а

Од редовите на Арсенал, конечно би можеле да се ослободат од Николас Пепе, најскапото засилување во нивната историја.

Офанзивецот не се снајде баш најдобро на „Емирејтс“ и до клубот се обидуваат по секоја цена да се ослободат од него, но поради неговите високи примања тоа тешко можат да го направат.

Сепак, во последните денови кружат шпекулации дека Пепе би можел да се пресели во редовите на Ница каде би играл како позајмен фудбалер.

Играчот не е во плановите на Микел Артета и нема започнато натпревар во Премиер лигата за Арсенал уште од месец октомври, па јасно е дека ќе мора да си ја бара среќата во друга средина.

27 годишниот фудбалер има уште две години од договорот со Арсенал, а Ница би имала право на откуп на неговиот договор по истекот на едногодишната позајмица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг