33 казнети возачи на мотоцикли на територија на СВР Битола

Макфакс

18/08/2022

20:44

1.815

Големина на фонт

а а а

Денеска (18.08.2022) во периодот од 10.00 до 15.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територија на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 33 возачи.

Од нив, 22 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг