Тите му одговори на Мбапе: Ние не играме против Азербејџан

Макфакс

18/08/2022

15:01

2.324

Големина на фонт

а а а

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе пред неколку дена изјави дека квалификациите за Светското првенство не се толку тешки во Јужна Америка како во Европа и дека европските репрезентации, кои ја освоија титулата на претходните четири Светски првенства, имаат предност пред селекциите од Јужна Америка.

Младиот играч доби одговор од селекторот на Бразил Тите.

„Можеби Мбапе мислеше на пријателски натпревари кои ги играат европските репрезентации. Или на натпреварите во Лигата на нации. Но секако не на квалификации за Светското првенство“, започна Тите.

„Со сета почит, но ние немаме натпревари со Азербејџан. Имаме ривали кои не ни дозволуваат да се опуштиме. Квалификациите овде се значително потешки и на повисоко ниво од групната фаза од квалификациите во Европа“, заклучи бразилскиот селектор.

Себастијан Абреу зборуваше на истата тема и го советуваше Мбапе малку подобро да ја истражи темата за која зборува и му препорача да ја користи Википедија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг