Статуите на ликовите од популарната серија ги вознемирија граѓаните: „Величаме нарко-дилери“

Точка

18/08/2022

14:23

2.600

Големина на фонт

а а а

Одлуката во Конгресниот центар во Албакерки, Ново Мексико, да се подигнат две статуи на ликовите од серијата „Breaking Bad“, Волтер Вајт и Џеси Пинкмен, предизвика вознемиреност помеѓу некои републиканци во оваа сојузна држава.

Статуите биле откриени на 30-ти јули на церемонија на која присуствувале Брајан Кренстон (Вајт), Арон Пол (Пинкмен), креаторот на „Breaking Bad“, Винс Гилиган и градоначалникот на Албакерки, Тим Келер.

Гилиган на церемонијата изјавил дека оддавањето почит на „двајца измислени, злогласни дилери на метамфетамин“ нема да го слават сите во Ново Мексико.


„Сериозно, нема сомнеж дека некои луѓе ќе речат: 'Вау, баш она што му е потребно на градот' и го сфаќам тоа. Гледам двајца најдобри актери кои Америка некогаш ги создала. Ги гледам, во карактерот, како две трагични фигури поголеми од животот, како приказна за предупредување“, вели креаторот.

Се утврди дека Гилиган бил во право. Конзервативниот радио водител од Албакерки, Еди Арагон, и републиканскиот државен претставник Род Монтоја се две јавни личности кои ги осудија статуите тешки 250 килограми.

„Драго ми е што Ново Мексико доби работа, но сериозно? Одиме по пат на буквално величaње на произведувачи на метамфетамин?“, рекол Монтоја.

„Тоа не е вид признание кое го сакаме за градот Албакерки или за нашата држава“, вели Арагон, напоменувајќи дека „она што се одвива во серијата треба да биде документарец“.


„Мислам дека тоа е реалноста во Ново Мексико. Се обидуваме да кажеме дека е измислено, но тоа е реалноста... Се шегувавме дека „Breaking Bad“ треба да биде на „PBS“. Тоа е, за жал, реалноста“, додал тој.

Градоначалникот на Албакерки, Тим Келер, изјавил дека е соодветно да се подигнат статуи на ликовите од „Breaking Bad“ со оглед на позитивното економско влијание што серијата го имала врз градот низ годините.

„Иако приказните можеби се измислени, работните места се реални секој ден. Градот е исто така лик... Се гледаме на толку многу начини, добри и лоши“, изјавил градоначалникот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг