Ослободуваат од негативна енергија, го чистат воздухот и се многу ароматични: 3 билки кои секој дом треба да ги има

Кармин

18/08/2022

11:39

8.102

Големина на фонт

а а а

Билките го збогатуваат секој простор, го разубавуваат, а со тоа и го прочистуваат воздухот.

Поединечни растенија се опасни за домашните миленици, но овие кои денеска ги издвоивме за вас се потполно безопасни. Тие не само што се совршена декорација за домот и градината, туку и ја отстрануваат негативната енергија и поволно влијаат на расположението.

Овие 3 билки совршено ќе се вклопат во секој дом, а вие потрудете се да чувате барем една од нив:

Босилек

Босилекот е совршен додаток на секое јадење, а покрај тоа мириса прекрасно и убаво го декорира просторот. Пролетта е вистинско време за садење на оваа билка, а многумина веруваат дека таа ги брка злите духови. Древните верувања велат дека доколку запалите гранче босилек во домот, тој ќе ја избрка негативната енергија.


Рузмарин

Оваа билка не би било лошо да ја имате во домот доколку сте започнале нова работа или сте запознале нова љубов. Старите верувања велат дека рузмаринот го олеснува почетокот, привлекува љубов, а покрај сè влијае и на доброто расположение. Се препорачува рузмаринот да се одгледува како собна билка која има убаво стебло и прекрасен мирис.


Лаванда

Едно од најубавите растенија е лавандата. Таа плени со својот магичен мирис, а покрај тоа го поттикнува и расположението. Благотворно делува против несоница, а многумина ја користат и во борбата против анксиозност и депресија. Можете да ја чувате како собна билка во текот на зимата, а во текот на летото да ја извадите надвор. Брзо се шири, па можете да ја засадите и во дворот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk