Леброн потпиша нов договор – За две години ќе заработи 97 милиони долари

Макфакс

18/08/2022

08:30

12.328

Големина на фонт

а а а

Американскиот кошаркар Леброн Џејмс потпиша нов договор со Лос Анџелес Лејкерс вреден 97 милиони долари за две години. Во договорот е вклучена и опцијата тој да биде продолжен за уште една година, односно за сезоната 2024/25.

Висината на договорот може да скокне на 111 милиони долари доколку се зголеми „селери капот“ од 2023 година, објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Новиот договор на „кралот“ вклучува „трејд кикер“ од 15 отсто, што значи дека ќе добие 15 отсто повеќе пари во случај на евентуален трејд.

Со ова Џејмс стана играчот кој заработил најмногу пари од договор во историјата со загарантирани 532 милиони долари. Зад себе тој го остави Кевин Дурент.

Триесет и седумгодишниот Леброн минатата сезона имаше просек од 30,3 поени, 8,2 скока и 6,2 асистенции по натпревар, но неговите Лејкерси не успеаја да се пласираат во плејофот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг