Има 40 години, девица е и никој не сака да биде со неа: Прекрасната спортистка ја споделила емотивната приказна за своето најболно патење

Кармин

17/08/2022

21:56

22.245

Големина на фонт

а а а

Една од најуспешните жени во светскиот спорт и ретка убавица, отворено зборувала за тоа низ каква борба поминува со години.

Амeриканската спортистка Лори Џоунс (40) позната како Лоло Џоунс, е жена која во спортот постигнала многу.

Таа го претставувала американскиот тим и на Олимписките игри, како на Летните олимписки игри, така и на Зимските поради тоа што успешно се натпреварува во два спортa. Трчала на 100 метри со препреки во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година, додека пак во Сочи учествувала во боб.


Меѓутоа, кога станува збор за приватниот живот, на Лоло не ѝ оди толку добро. Таа не крие дека не е емотивно исполнета, а причината ја гледа во тоа што и натаму е девица.

Имено, Лоло е христијанка и има намера во бракот да влезе невина, а иако имала повеќе обиди, никако не успева да одржи врска затоа што одбива интимни односи пред да се венча.

„Се обидував со луѓето од различни oппштествени сфери, па дури и со колеги атлетичари, но секогаш би дошло до раскинување и срцето би ми било скршено. Одлучна сум во тоа првпат да имам секс кога ќе стапам во брак, но не можам да го најдам вистинскиот маж“, вели таа.


Како што истакнала, откако јавно зборувала за својот проблем, можност за љубов има сè помалку. Поради тоа не крие што воопшто јавно зборува за својата желба да остане девица до бракот.

„Тоа беше голема грешка, „ме уби“. Едноставно немав шанси, а претходно имав барем малку. Секогаш се грижев како да им кажам, дали да почекам да ме запознаат подобро, дали само да им го кажам тоа веднаш“, вели Лоло.

Неодамна спортистката открила дека сака да стане мајка, а поради тоа што сè уште не успеала да го најде човекот на својот живот, одлучила да замрзне јајцеклетки и да направи процес на вештачко оплодување.

„Ќе продолжам да му се молам на Бог да ми донесе достоен човек. Се молам со години, пролеав многу солзи, само Бог да ми помогне да најдам сопруг“, вели Лоло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk