Челси до крајот на преодниот рок ќе потроши 250 милиони евра

Макфакс

16/08/2022

14:48

1.900

Големина на фонт

а а а

Англиските медиуми утринава објавија дека челниците на Чесли се уште не завршиле со засилувања за ова лето. Челзи летово направи неколку промени во играчкиот кадар, а неколку ѕвезди решија да го напуштат „Стемфорд Бриџ“, а во лондонскиот клуб се уште се очекуваат звучни засилувања.

Иако летниот преоден рок е при крај, Челзи верува дека може да направи чудо и да донесе неколку големи засилувања до крајот на овој месец.

Челзи веќе потроши речиси 150 милиони евра бидејќи ги доведе Рахим Стерлинг, Калиду Кулибали и Марк Кукуреља.

„Мирор“ утрово објави вистинска „бомба“ бидејќи наводно дошле до информации дека Челзи планира до крајот на летниот преоден рок да потроши дури 250 милиони евра за да доведе неколку засилувања.

Главни цели на лондонскиот клуб се Френки де Јонг и Пер-Емерик Обамејанг од Барселона, кои би можеле да го напуштат каталонскиот клуб доколку за нив дојде задоволителна понуда.

Барса за Де Јонг бара околу 75 милиони евра, додека за Обамејанг цената е 25 милиони евра.

Покрај дуото од Барселона, Весли Фофана веќе извесно време се поврзува и со Челзи, кој на секој начин се обидува да го напушти Лестер и кариерата да ја продолжи во дресот на сините.

Единствен проблем е цената што ја постави Лестер бидејќи за овој дефанзивец бараат 90 милиони евра. Челзи се обидува да ја намали цената, но наводно клубот го губи трпението и на крајот би можел да ја плати целата сума за да ја добие Фофана.

Исто така, утринава се појавија шпекулации дека Челзи ја посакува младата ѕвезда на Евертон, Арон Гордон, за кого се подготвени да платат околу 45 милиони евра.

Доколку Челзи успее да ги доведе овие играчи до крајот на преодниот рок, тогаш Томас Тухел ќе има на располагање навистина фантастичен состав оваа сезона. Исто така, Англичаните веќе објавија како би можел да изгледа составот на Челзи доколку се случат споменатите трансфери.

Можен состав на Челзи: Менди, Фофана, Тијаго Силва, Кулибали, Кукуреља, Џејмс, Канте, Де Јонг, Гордон, Стерлинг, Обамејанг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг