Деми Мур во бикини не е тоа што се претставува на социјалните мрежи: Папарацо фотографиите го докажуваат тоа

Кармин

16/08/2022

11:50

10.939

Големина на фонт

а а а

Деми Мур (59) ја бие глас дека не старее. А, дека тоа е далеку од вистината сведочат најновите фотографии од актерката во бикини.

Деми Мур (59) на фотографиите на социјалните мрежи не изгледа исто како Деми Мур на папарацо-фотографиите. Иако изгледа фантастично за своите години, актерката сепак има вишок кожа, целулит и некои чудни набори по стомакот и на колковите.

Актерката деновиве е на јахта каде го поминува секој момент, одморајќи на сонцето. Овојпат Деми облекла розово бикини кое ја открива нејзината фантастична линија на прагот од 60-тите години.


Меѓутоа, папарацо фотографите го „уловиле“ нејзиниот целулит, надвисната кожа, наборите на колковите и стомакот.

Деми е некој којшто важи за актерка која не старее, а таа неколку пати досега кажала дека со текот на времето се одвикнала од јаглехидратите, за да постигне витка линија.

Во деновите кога не внимава толку многу на храната се води според едно правило: „Нема гладување, сè се сведува на олеснување на телото. Јадам кога сум гладна, веднаш престанувам кога ќе се почувствувам сита“.


Кога станува збор за исхраната, Деми Мур ги почитува и овие правила:

1. Ограничен внес на слатки и брза храна.

2. Кофеинот го сведува на минимум.

3. Пред секое јадење пие полна чаша млака вода.


4. Јаде овошје, зеленчук и јаткасти плодови.

5. Алкохолот ѝ е сведен на минимум.

6. Јаде мали порции месо и јаглехидрати.

7. Избегнува лоши маснотии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk