Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Макфакс

16/08/2022

08:41

6.025

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години брак.

„Одлуката за развод беше взаемна“ – изјави градоначалникот на Киев за украинските медиуми.

Тој додаде дека тој и неговата сопруга со години живеат во различни земји, но и понатаму се во добри односи.

„Долги години имаме различни интереси и различни животи. Решивме да го потврдиме и официјално. Тоа беше заедничка желба. Сè уште имаме добри односи, се почитуваме, децата се пораснати, а животот продолжува“ – изјави Кличко.

Виталиј и Наталија Кличко се венчаа во април 1997 година и добија три деца, синовите Јегор-Данијела и Максим и ќерката Елизабета-Викторија.

Додека тој се занимаваше со бокс, Наталија беше со Виталиј на секој меч. Таа го поддржа и во 2014 година, кога се кандидираше за градоначалник на Киев.

Наталија се испроба како пејачка и текстописец. Таа се занимава и со хуманитарна работа, а имајќи предвид дека парот долго време живеел во Германија, од 2010 година е вклучена во работата на Советодавниот одбор на германската хуманитарна фондација Phytokids.



Спонзорирани линкови

Маркетинг