Туристка во болница во САД ја спасиле од сигурна смрт: Кога на домашна адреса ѝ пристигнала сметката, сфатила дека маките не завршиле...

Точка

15/08/2022

20:43

6.788

Големина на фонт

а а а

Туристка која за малку ќе починела откако поради тешко воспаление на белите дробови завршила во американска болница, била шокирана кога поштарот на врата ѝ ја донел сметката со детали од трошоците од нејзиното лекување.

Аманда Каучман од Нов Зеланд, итно била пренесена во брза помош во Лос Анџелес на 1 јули поради тоа што не можела да дише.

Веднаш била ставена на апарати за одржување во живот, а докторите набрзо констатирале пнеумококно воспаление на белите дробови.

Инфекцијата довела до хипоксемична респираторна инсуфициенција, инфекција на крвта и акумулација на течности во белите дробови.

Каучман била во посета на Лос Анџелес на венчавката на својот роднина, но тој „посебен ден“ го поминала во болнички кревет.


Таа преживеала и се вратила во Нов Зеланд каде ја дочекала сметка од 147.546 американски долари.

Нејзиниот брат Шејн Туала направил GoFundMe страница за да ѝ помогне на својата сестра да ја плати огромната сметка.

„Доколку некој ја познава Аманда, ќе знаете дека има златно срце и дека многу ја сакаат“, напишал Таула на страницата за собирање средства. Аманда на Фејсбук напишала дека ѝ е тешко што мора да бара помош.

„Тоа дефинитивно беше најголемиот предизвик во мојот живот. Се надевам дека уплатата во болница ќе помогне да им се заблагодарам на тимот и неверојатните професионалци, доктори и медицински сестри кои ми го спасија животот и кои (да бидам искрена), го спасија моето моментално здравје така што тие беа моето привремено мало семејство на тоа многу чудно и осамено место“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг