Венгер: Конфликтот со Мурињо почна бидејќи Челси трошеше пари што не ги заработија

Макфакс

15/08/2022

18:31

2.058

Големина на фонт

а а а

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, вели дека лутото ривалство со Жозе Мурињо почнало уште во 2004 година кога Челси почнал да троши пари што не ги заработиле.

Венгер имаше неколку конфликти со Португалецот додека тој беше тренер на Челси, со зајадливи коментари пред печатот и со многубројни турнканици покрај аут-линијата. 72-годишниот Французин, кој сега работи како одговорен за глобален фудбалски развој во ФИФА, откри како почнало ривалството.

Главен виновник е Роман Абрамович, кој по купувањето на клубот во 2003 и по ангажирањето на Мурињо следната година, Челси почна да купува ѕвезди носејќи ги Дидие Дрогба, Петр Чех, Арјен Робен, Рикардо Карвалјо, Пауло Фереира и Матеја Кежман. Во 2006 година Челси исто така го купи и Ешли Кол од Арсенал за 25 милиони фунти додавајќи оган на маслото.

„Моите ривалства претходно беа повеќе со клубовите отколку со личностите, никогаш не сум кажал нешто на лично ниво. Имав многу несогласувања со Мурињо тогаш бидејќи сметав дека Челси беше првиот клуб од кој дојдоа и ги трошеше парите што не ги заработиле. Тогаш немаше правила за финансиски ферплеј, а сега има поголема контрола на финансиите“, вели Венгер.

Најголемиот конфликт меѓу двајцата беше во февруари 2014 кога Мурињо го нарече Венгер „специјалист за неуспеси“ по што двајцата имаа бурен конфликт на мечот на „Стемфорд Бриџ“ во октомври 2014 кога Челси стигна до 2:0 победа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг