Животот на Серена Вилијамс: Нејзината полусестра била убиена близу местото каде ги направила првите тениски чекори, а вистината за татко ѝ и натаму не се знае – одличен педагог или монструм?

Кармин

15/08/2022

13:37

6.652

Големина на фонт

а а а

Серена Вилијамс најави крај на тениската кариера во која нејзиниот татко одигра главна улога.

Мислењата за него сепак се поделени, додека пак ретроспективата на животот од славната тенисерка потсетува и на трагедијата која се случила непосредно од тенискиот терен каде таа ги направила првите спортски чекори.

„Всушност, тоа е најтешката работа во животот, ништо потешко од тоа не можам да замислам. Не сакам ова да заврши, но истовремено сум подготвена за тоа што следи. Се согласив на ова интервју поради тоа што сакав да кажам дека правам исчекор во животот, во однос на тенисот, но и кон другите работи кои се важни за мене“, изјавила Серена Вилијамс во интервју за „Vogue“.


Кога популарната Американка по породувањето се вратила на терен можеше да се слушне дека е вистинска инспирација за многу од жените. Нејзината истрајност и сила и пред сè талент, се секако за восхит.

Но, животот на славната Серена не е само блескава бајка. Ова е тажната страна на сите медали кои ги освоила.

Убиство на полусестрата

Полусестрата на Серена Вилијамс, Јетунде Прајс, ја убил со автоматска пушка член од бандата во близина на тенискиот терен на кој славната спортистка со сестра ѝ Венус ги направила првите тениски чекори, под надзор на татко им Ричард.

Јетунде била најстарата од петте ќерки на мајката на Серена, од нејзиниот прв брак. Работела како медицинска сестра, а потоа станала асистентка на сестрите тенисерки кога тие почнале да ги освојуваат првите турнири. Меѓутоа, никогаш не сакала да се отсели од проблематичниот кварт во Лос Анџелес каде се случило убиството.


Јетунде Прајс била убиена на 14 јули 2003 година кога имала 31 година под неразјаснети околности. Зад себе оставила три деца. Убиецот бил уапсен и осуден, но не открил зошто пукал во автомобилот во кој била таа. Автомобилот го возел тогашниот партнер на Јетунде, Роланд Вормил којшто е поранешен осуденик и криминалец, а врската со неа започнала истата година кога се случила трагедијата.

Татко – одличен педагог или монструм

Серена и Венус немале лесен живот од старт. Тие пораснале во сиромаштија, а нивниот татко Ричард Вилијамс во тенисот видел излез од тешките животни ситуации.

Начинот на којшто родителите ги воспитале, а особено родителските методи на нивниот татко понатаму ги движеле во контроверзии.


Се пишуваше дека татко им ги злоупотребил за семејството да го извлече од сиромаштија, па ги присилувал на претешки тренинзи. За неговата строгост може да сведочи и тоа дека наводно кршел глави на кукли од своите деца кога тие не играле добро, а исто така им забранувал да се гледаат со нивните момчиња.

Од друга страна може да се слушне и дека неговата одлука ќерките да се занимаваат со тенис всушност бил единствен излез за Серена и Венус.

Конечен одговор и натаму нема, а него не го понуди ниту филмот „Крал Ричард“ во кој таткото на Серена го толкува Вил Смит. Критичарите кажаа дека во ова остварување субјективно се претставени ситуациите, а прикажана е само некоја контроверзна ситуација.

Ричард во филмот е татко без спортско искуство којшто умее да го препознае тенискиот потенцијал кај своите ќерки и да ги насочи кон вистинскиот правец.


Во филмот не се споменува неговиот прв брак во којшто добил пет деца, меѓу кои и ќерката Сабрина Вилијамс која ја напуштил додека била дете.

„Тој мисли дека е крал на светот, но секој којшто бил во негова близина не мисли така. Насловот на филмот е претеран, но тоа одговара на неговата личност. Живееше само низ своите две ќерки, а останатите едноставно ги остави. Тие две девојки дојдоа до врвот, додека неговите останати деца патеа. Го избра тенисот за нив поради тоа што знаеше дека тоа ќе го направи милионер“, раскажала Сабрина за „The Sun“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk