Татко станал мета на критики на интернет бидејќи ги шета децата на поводник: „Тие се луѓе, а не кучиња“

Кармин

12/08/2022

15:50

7.082

Големина на фонт

а а а

Еден татко на 5 деца предизвикал жестока расправа откако споделил видео на Инстаграм на кое се гледа како ги шета своите деца на поводник.

Иако поводниците се користат за родителите да бидат сигурни дека децата нема да им побегнат или изгубат, луѓето остро го осудиле.

На видеото се гледа како Џордан Дрискел држи 5 поводници во рацете, поврзани со појаси кои ги носат неговите 5-годишни деца.

„Кога луѓето ме осудуваат бидејќи користам поводници за своите деца. Дојдете да прошетате една милја во моите чевли“, напишал таткото, чие видео брзо стана вирално на социјалните мрежи.

„Да имам толку деца, би го направил истото“, „Со 5 деца е потребно ова. Ти си одговорен родител“, „Откако моето 2-годишно дете се обиде да истрча на улица, исто така користиме поводник“, „Се гледа дека безбедноста на децата ти е приоритет, браво тато!“, пишувале оние кои го одобруваат користењето на поводници.


Меѓутоа, многу побројни се оние кои не ја прифаќаат ваквата метода и му порачале на Џордан дека се однесува кон децата како кон животни.

„Дали се спасени од улица?“, „Тие се луѓе, а не кучиња. Научете ги како да се однесуваат на улица“, „Поедноставно би било да немаш толку деца“, „Дали следен пат ќе ги тренираш да влечат санки?“, се дел од коментарите.

Џордан за „Today“ објаснил дека неговите деца се љубопитни и сакаат да бегаат и да истражуваат. Поводниците, како што вели тој, им помагаат на него и неговата сопруга да „го сочуваат сопствениот душевен мир и здравиот разум“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk