Некои луѓе можете да ги „пренесете жедни преку вода“, но некои ги откриваат вашите намери и пред да изустите збор.
Тоа се т.н. човечки детектори на лаги, поединци кои не пропуштаат ниту една ситница и кои поради извонредната дарба за опсервација и аналитички ум можат да бидат одлични детективи.
Еве кои 4 хороскопски знаци никогаш не можете да ги измамите:
Шкорпиите се вистински детективи кои е невозможно да ги измамите. Комбинацијата на нивната изострена интуиција и доброто око за детали им помага правилно да го проценат секого во било кој момент. Овие луѓе не поднесуваат лаги, па нема да се откажат додека не го разоткријат оној кој е неискрен, а притоа не покажуваат нималку милост.
Аналитичните Девици го забележуваат секој детаљ и го гледаат она што другите го пропуштаат. Тие забележуваат по говорот на телото, изразот на лицето или интонацијата кога некој не е искрен, но нема да се соочат со него – мудро ќе молчат и ќе дозволат сам да се вплетка во мрежата на сопствените лаги. Ваквата реакција ќе постигне уште посилен ефект бидејќи неискрената личност ќе се почувствува посрамено.
Близнаците се познати по љубопитниот ум, но и по способноста за читање помеѓу редови. Многу брзо забележуваат кога некој не е искрен, анализирајќи ги неговите зборови и говорот на телото. За да бидат сигурни дека се во право, поставуваат многу прашања и притоа обрнуваат внимание на секој детаљ.
Јарците се скептични, особина што ги прави воздржани и сомничави кон нови информации. Тие на сè приоѓаат со внимателност и за нив сè е невистина додека не се докаже спротивното. Со текот на годините стануваат цинични и учат да ги гледаат негативностите кај луѓето, што им претставува начин за заштита од можните лаги и измами.