За Дарко слушна целиот свет: Улогите на криминалец и тетоважите му создавале проблеми, а потоа се прослави: „Не сакаа да седнат до мене во автобус, а сега бараат да се сликаме“

Точка

10/08/2022

16:13

12.088

Големина на фонт

а а а

Славниот актер со српско потекло Дарко Периќ летува со семејството во Италија. Со сопругата Рокси и синот Џорџино ја користат летната пауза и навистина умеат да уживаат во магиите на летото.

Вистински акробации изведува Дарко Периќ, кој го прославил и своето родно Кладово. На фотографиите се гледаат неговите добро познати тетоважи, а неговата сопруга, обожува "цртежи" на телото.

Дарко огромната популарност ја стекна со улогата на Хелсинки во серијата "La Casa De Papel".


„Секоја сезона беше импресивно возење, но, со оваа пандемија...Живеам во Барселона, а снимањето беше во Мадрид. Патував од Барселона до Мадрид секоја недела, а патувањата во тоа време беа сосема луди“, рекол минатата година во интервју за "Netflix".

Нагласил дека снимањето на последната сезона било најтешко како и дека во целост го разбира феноменот на серијата која него и неговите колеги ги направи вистински ѕвезди уште пред неколку години.


Улогата на Хелсинки, вели, го променила неговиот живот.

„Почнав како спореден лик бидејќи во првата сезона, во првите четири епизоди, не зборував. Бев тука како техничар на звук со оружје“, истакнал тој и додал: „Пред "La Casa De Papel" работев разни работи во Шпанија, снимив неколку филмови и серии, но секогаш играв некој лош Русин, мафијаш. Наеднаш Хелсинки го промени сето тоа. Всушност, Хелсинки е единствениот во серијата кој има прекар на прекарот - Хелси. Сето тоа е лудо. Некогаш порано луѓето имаа предрасуди поради мојот изглед, тетоважите, брадата, бричената глава, акцентот, а сега...Секогаш велам: „Порано не сакаа да седнат покрај мене во автобус, а сега сакаат да се сликаат со мене“. Сето тоа е заслуга на Хелси“.


А улоги во Шпанија не е лесно да се добијат, бидејќи на тоа големо влијание имаат предрасудите.

„Можеби за 50-тина година лик како јас ќе може да работи било што. Но вашиот физички изглед во голема мера во условува, а тоа е нешто што ми се случи на мене. Ме услови. Сега, меѓутоа, имам други понуди и сакам да ги прифатам. Немам проблем да го работам тоа што претходно го работев, бидејќи знам како оди тоа, но секако, сакам да работам и други работи“, вели Дарко Периќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг