Во текот на топлите, летни денови, многу од луѓето кои избегнуваат месо, се повеќе сакаат јадења кои се полни со зеленчук.
Поради тоа за вас денеска имаме рецепт за ќофтиња од тиквички кои се еднакво вкусни како оние со месо.
Кога тиквичките ќе се помешаат со сите останати намирници и зачини, ќе добиете јадење во кое ќе уживате.
- 4 тиквички;
- 4 јајца;
- 4 чешниња лук;
- 300 грама брашно;
- 100 грама презла;
- Сол, бибер;
- Зачини по вкус;
- Масло за пржење;
- Магдонос.
Тиквичките изрендајте ги на крупно, посолете и оставете да испуштат вода. Кога ќе отстојат, исцедете го вишокот вода, па ставете ги во поголема чинија. Додадете ситно сечкан лук и магдонос, сол, бибер, брашно, презла, јајца и зачинете по желба.
Сето тоа добро измешајте го.
Од направената смеса вадете со помош на лажица ќофтиња, па пржете ги на масло додека не заруменат. Готовите ќофтиња ставете ги на хартија за да се исцеди вишокот маснотија.
Ќофтето послужете го топло со омилената салата.
Пријатно јадење!