Кората не се пече, а вкусот не се заборава: Најкремастиот колач со праски којшто освежува и засладува

Кармин

04/08/2022

16:09

6.908

Големина на фонт

а а а

Овој вкусен и сочен десерт од праски ќе ве освои! Не се додава шеќер, нема брашно и јајца, кората не се пече – идеален за лето.

Доколку сакате шампита од праски, овој колач е баш по ваш вкус и веруваме дека ќе ви се допадне.

Станува збор за едноставен десерт којшто се прави брзо, а не е неопходно да вклучувате и шпорет. Резултатот е мек, сласен и сладок колач на којшто ќе му се враќате секое лето.

Состојки:

- 150 грама мелени бисквити;
- 200 грама бисквити;
- 5 праски;
- 300 грама шлаг;
- 350 милилитри + 100 милилитри ладно млеко;
- 200 милилитри слатка павлака;
- 50 грама чоколадо по вкус.


Подготовка:

Изматете го шлагот со млекото, па додадете ја киселата павлака и продолжете да матите. Изматете го шлагот и поделете го на два еднакви дела, па во еден додадете ги мелените бисквити и сè добро измешајте.

Потопете ги немелените бисквити и почнете да ги редите по плехот или на чинија, потоа тој ред бисквити намачкајте го со шлагот и мелените бисквити.

Потоа измијте ги и исечкајте ги праските, па распоредете ги над шлагот.


Во останатата половина од шлагот додадете го останатиот дел од немелените бисквит кои прво ќе ги искршите со раце. Чоколадото, најдобро е да биде бело, исечкајте го на парчиња, па него и мелените бисквити додадете ги во шлагот и сè добро измешајте. Оваа смеса ставете ја над редот праски.

Ставете ја тортата во фрижидер да зацврсти, најдобро е преку ноќ!

Декорирајте со исечкани праски, рендано бело чоколадо или шлаг.

Пријатно јадење!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk