Јапонските научници нудат решение за создавање вештачка гравитација на Месечината и на Марс

Точка

21/07/2022

13:40

24.074

Големина на фонт

а а а

Тим истражувачи од јапонскиот универзитет Кјото објави дека проблемот со гравитацијата на Марс и Месечината може да се реши со изградба на масивни ротирачки објекти од стакло, со што би се создала вештачка гравитација, пренесуваат јапонските медиуми.

Научниците истакнуваат дека процесот на ротација на објектот би создал привлекување налик гравитација која се среќава на Земјата и со тоа би биле решени проблемите со кои се соочуваат астронаутите во текот на своите мисии.

Според истражувачите, со изградба на вештачките гравитациски објекти наречени „Лунарно стакло“ и „Марсово стакло“ на Месечината и Марс, астронаутите би можеле да искусат гравитација налик онаа на Земјата.


На Месечината до 2050 година

Иако реализацијата на идејата за изградба на стаклени објекти би можела да потрае, научниците се надеваат дека ќе воспостават основен модел на вештачка гравитација на Месечината до 2050 година.

Како што се наведува во планот, „Лунарно стакло“ би требало да биде ротирачки објект со цилиндричен облик, со широчина од 100 метри и висина од 400 метри.

Вкупното време на ротација на овој објект би било 20 секунди и во текот на секоја ротација би произведувал гравитациска сила еднаква на 1 „G“ (Земјина гравитација = 9,81 м/с2), користејќи центрифугален ефект (сила која се создава при движењето на ротирачкото тело), а силата создадена со ова движење би ја заменила гравитацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг