Во прв план – трудничкото стомаче: Сопругата на Рафаел Надал ги воодушеви присутните на Вимблдон во едноставно издание

Кармин

07/07/2022

16:05

9.085

Големина на фонт

а а а

На вчерашниот натпревар на Рафаел Надал и Тејлор Фриц на Вимблдон, Шпанецот имаше голема поддршка од публиката.

Него го бодреа татко му Себастијан Надал и сопругата Марија Франциска Перељо која светот ја знае по прекарот Чиска и која моментално е бремена.

Идната мајка, првпат вчера се појави на трибините на Вимблдон за да навива за својот сопруг, а за оваа прилика избрала да носи едноставна модна комбинација.


Иако нивното заедничко богатство брои милиони, Чиска многу ретко ќе ја видите во некоја скапоцена модна комбинација и како се фали со брендирани алишта, па така било и овојпат.

Саканата на Надал носела кожна јакна со руска крагна и џебови и светлосив џемпер, со што совршено го истакнала своето трудничко стомаче.

За среќните вести дека Рафа и Чиска ќе станат родите, се дозна кон средината на месец јуни, а по неколку денови шпекулации и самиот тенисер потврди дека семејството Надал очекува принова.


„Доколку се биде како што треба, ќе бидам татко, изјавил шпанскиот тенисер кога го најави своето учество на овогодишниот Вимблдон.

Спортистот инаку претходно порача дека сака да стане татко, а плановите ги поместувал поради тоа што не очекувал дека толку долго ќе се занимава со тенис.


„Искрено, отсекогаш сум мислел дека ќе имам деца кога ќе ја завршам кариерата. Мислев дека кариерата ќе ми трае до 30-на години, но се покажа дека може да биде подолго од тоа“, изјавил Надал којшто е роден во 1986 година, а со Чиска е во врска од 2005 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk