Најубавата жена на светот со години била љубовница на својот сегашен сопруг: Често ги менувала своите љубовни партнери, но на крај ја нашла среќата

Кармин

07/07/2022

23:29

22.674

Големина на фонт

а а а

Славната актерка Џулија Робертс вели дека се заљубила на прв поглед, а тој тогаш бил во брак.

Актерката Џулија Робертс (54) ја прославила 20-годишнината од брак со снимателот Даниел Модер (53), а својата среќа ја споделила со обожавателите на Инстаграм.

„Не можам да престанам да се смеам, не можам да престанам да се бакнувам“, напишала славната актерка покрај фотографијата на која го бакнува сопругот.

Славната актерка е позната по прекрасната насмевка, а во 1993 година таа се венчала со музичарот Лиле Ловет, но се развеле по само две години брак.

Во 2002 година таа повторно се венчала и тоа со снимателот Даниел Модер со којшто и денес е во брак. Венчавката била одржана на ранч во Таос во Ново Мексико.

Кога се запознале тој бил во брак со Вера Стеимберг, а набрзо откако љубовта на неговиот живот се појавила, тој ги поднел документите за развод. Некои тогаш Џулија ја нарекле „разорувачка на бракови“ затоа што како што се пишувало – презела нечиј сопруг.

За нивната прва средба, актерката изјавила:

„Веднаш се заљубив во него. Сакав да бидам со него. Не можев да престанам да размислувам на него, а знаев дека ќе се соочам со проблем“.

Парот има три деца. Во 2004 година ги добиле близнаците, ќерката Хазел и синот Финае, а три години подоцна добиле уште еден син Хенри.

Магазинот „People“ во 2000 година ја сместил Џулија во 50-те најубави луѓе на светот, а во 2010 година истиот магазин ѝ ја доделил титулата најубава жена на светот.

Инаку Џулија во минатото била во романтични врски со Метју Пери, Џејсон Патрик, Лиам Нисон...



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk