(Видео) МВР: Не е точно дека полицијата не реагираше при инцидентот кај Скендербег

Точка

06/07/2022

23:01

6.734

Големина на фонт

а а а

Од Министерството за внатрешни работи го демантираат тврдењето на Христијан Мицкоски, дека полицијата не реагирала при инцидентот кај споменикот Скендербег.

"Полицијата беше на самото место, во истиот момент реагираше и спречи насилство, а едно лице кое е осомничено за пукање од огнено оружје веднаш беше приведено. За време на протестите полицијате е на ниво на задачата и апелираме до партиите да престанат со дезинформации", велат од МВР, пренесува "А1он".

На приложеното видео се гледа брзата реакција на полицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг