34-годишната пејачка е најмладата самоостварена милијардерка во САД, според „Forbes“

Кармин

06/07/2022

15:41

8.879

Големина на фонт

а а а

Неодамна „Forbes“ ја објави својата годишна листа на 100-те најбогати Американки кои сами го заработиле своето богатство односно самоостварени богаташки.

На листата се најдоа бројни успешни претприемачки, извршни директорки и жени од светот на шоубизнисот, а високото 21-во место го зазеде Ријана.


Таа со своите 34 години е најмладата жена на листата на „Forbes“.

Богатството на Ријана се проценува на 1,4 милијарди долари, а како главни извори на приходи се наведени заработката од музиката и козметиката. Ријана е косопственик на линијата на козметички производи „Fenty Beauty“, од која доаѓа најголемиот дел од приходите на пејачката. Исто така, „Forbes“ наведува дека Ријана има 30 отсто удел и во брендот „Savage x Fenty“, што исто така ѝ носи многу пари.

Освен Ријана, на листата се најдоа и други познати жени како Ким Кардашијан (1,8 милијарди долари), Мадона (575 милиони долари), Тејлор Свифт (570 милиони долари) и Бијонсе (450 милиони долари).


Кајли Џенер отстранета од листата

Во 2019 година титулата за најмлада самоостварена милијардерка според „Forbes“ ѝ беше доделена на тогаш 21-годишната Кајли Џенер.

Меѓутоа, во мај истата година, Кајли беше исфрлена од листата, а „Forbes“ тогаш го обвини нејзиното семејство дека намерно ја зголемува вредноста на нејзиниот козметички бренд. Тие тврдеа дека познатото семејство Кардашијан-Џенер направило извонредни напори за да ја претстави својата најмлада членка како побогата отколку што е.


Џенер тогаш се огласи на Твитер каде истакна дека станува збор за „неточни изјави и непроверени претпоставки“.

„Никогаш не сум барала титула ниту сум се обидела да лажам на патот до истата“, напиша таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk