Одлична идеја поради која ќе бидете благодарни: Како со помош на клима-уред просторијата да ви мириса убаво?

Кармин

06/07/2022

13:43

8.202

Големина на фонт

а а а

Жешките денови се незамисливи без клима-уредите. Тие го ладат приватниот, но и работниот простор и така ни овозможуваат дневните активности да ги извршуваме полесно, а сонот да трае подобро и без прекин.

Но, освен што можат да го изладат воздухот во просториите, тие можат и да послужат вашата соба да мириса убаво.

За просторот во којшто престојувате и во текот на летните месеци да биде исполнет со мирис и без мирисливи свеќи или пак апаратчиња кои се вклучуваат во струја, можете да го искористите вашиот клима-уред. Постапката е многу едноставна, а ќе ви биде потребно само хартија и етерично масло.


Под „крилцата“ низ кои струи ладниот воздух на уредот, со самолеплива лента залепете парче хартија на кое сте ставиле неколку капки од вашето етерично масло.

Преку струењето на воздухот и мирисот ќе се шири низ просторијата во која престојувате.

Може да изберете етерично масло по желба, а доколку сакате да придонесете во опуштената атмосфера, изберете етерично масло од лаванда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk