„Оживеа“ хитот на Металика од 1986 година и повторно се најде на топ-листите, сè поради хит-серијата на „Netflix“

Точка

06/07/2022

13:10

9.383

Големина на фонт

а а а

Финалето на четвртата сезона на серијата на „Netflix“ – „Strangers Things“, катапултира уште еден музички класик на врвот на топ-листите, баш како што тоа се случи и минатиот месец со песната „Running Up That Hill“ од Кејт Буш.

Во завршната епизода од оваа сезона на серијата, Еди Менсон во текот на обидот на борбата против главниот негативец на сезоната, демонот, на кровот ја свири „Master of Puppets“ – класикот на легендарниот бенд Металика, во импресивна аудиовизуелна сцена.

На социјалните мрежи сцената е наречена една од најдобрите во целата серија поради тоа што многу од гледачите биле воодушевени кога виделе дека хеви металот ги добил своите 15 секунди на слава.

Кога песната била објавена во 1986 година на легендарниот истоимен албум, го достигнала 29-то место на листата на „Билборд“, а сега благодарение на серијата на „Netflix“ таа се наоѓа на 26-то место на „Спотифај“ топ-50 глобална листа.

„Master of Puppets“ бил објавен на 24 февруари 1986 година и бил првиот албум кој Металика го снимила по потпишувањето на договорот со големата издавачка куќа „Elektra Records“, а тогаш истиот бил продаден во над шест милиони примероци во САД. Тоа воедно е и последниот албум на кој се појавува басистот Клиф Бартон којшто подоцна истата година починал во несреќа на турнеја.

Многу од обожавателите сметаат дека тоа е и најдобриот албум на Металика, што и самиот бенд го признал, свирејќи го во целост на европската турнеја во 2006 година.

„Master Of Puppets“ во 2016 година се нашол меѓу албумите кои биле избрани за воведување во Националниот регистар на видеа во Конгресната библиотека.

Членовите од бендот веројатно добро ќе заработат од вклучувањето на нивната песна во финалето на серијата „Stranger Things“.

Имено, Кејт Буш заработила над 2 милиони долари на почетокот од емитувањето на четвртата сезона од серијата поради тоа што нејзината песна се нашла таму.




Спонзорирани линкови

Маркетинг