Ребел Вилсон отворено за дебелеењето на одмор: „Престојувам во all-inclusive ресорт, изгубив контрола, но...“

Кармин

05/07/2022

13:04

8.846

Големина на фонт

а а а

Австралиската актерка Ребел Вилсон шокираше со својата трансформација оваа пролет откако ослабе дури 35 килограми, а неодамна на својот профил на Инстаграм отворено зборуваше за вишокот килограми и „враќањето“ неколку килограми додека е на одмор.

Актерката во саботата сподели фотографија на која стои покрај базен во розово-бел костим за капење. Во описот на објавата Вилсон ги известила своите следбеници за своето неодамнешно дебелеење за време на одморот.

„Штотуку забележав дека сум се здебелила 3 килограми на одмор. Престојувам во all-inclusive ресорт... изгубив контрола“, напишала таа.

„Но, знаете што? Утре можам да станам и да отидам во теретана, да се хидрирам, да јадам здраво и да се сакам себеси“, продолжила актерката.

„Не помага да бидеш строг кон себе, но го знам чувството на вина откако ќе се прејадеш“.

„Ако сте како мене, само знајте дека вие не сте само вашата тежина, килограмите не ве дефинираат“, вели Вилсон.

Актерката во заклучокот напишала дека треба да се потрудиме да бидеме здрави и да не бидеме строги кон себе.

„Бидете најдобрата верзија од себе“.

Вилсон, која во мај го документираше своето здравствено и wellness патување на социјалните мрежи од 2020 година, ја откри својата желба да стане мајка, поради што била поттикната за губење на килограмите.

Актерката, која исто така има и синдром на полицистични јајници што може да влијаат на плодноста, ја започнала својата „година на здравјето“ во 2020 и кон крајот на истата загубила повеќе од 35 килограми.

„Целта не беше да се дојде до одредена тежина“, рече тогаш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk