Билка со прекрасна боја и уште попрекрасен мирис: 10 фотографии кои ќе ве инспирираат да го украсите својот дом со лаванда

Кармин

01/07/2022

14:31

8.461

Големина на фонт

а а а

Лавандата е билка која е препознатлива по својот изглед, односно по својата боја и прекрасниот мирис.

Зборот „лаванда“ потекнува од латинскиот збор „lavare“ што значи перење или капење. Нејзината најрана забележана употреба датира уште од стариот Египет, кога нејзиното масло имало улога во процесот на мумификација.

Подоцна лавандата станала и додаток во текот на капењето во неколку регии како стара Персија, Грција и Рим. Тамошното население верувало дека лавандата помага во прочистување на телото и умот.


Од дамнешни времиња лавандата се користи и како помош при бројни здравствени состојби, а некои од нејзините благодати ги потврдила и модерната наука.

Лавандата е повеќенаменска билка. Луѓето ја користат во разни облици, од суво цвеќе преку масло до чаеви, креми, лосиони и мелеми. Нејзиниот мирис е пријатен и смирувачки, а самата билка меѓу другото е и прекрасен украс во домот, без разлика дали е во сува или свежа форма.

Освен тоа, од лавандата можат да се изработат и прекрасни декорации, а овие фотографии во продолжение можеби ќе ве убедат дека е време ова ароматично растение да стане дел и од вашиот дом:



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk