„Ми должи 1 милион долари! Да не бев јас ќе пропаднеше“: Поранешната менаџерка на Рики Мартин поднела тужба – еве што бара од него

Точка

30/06/2022

21:07

8.566

Големина на фонт

а а а

Поранешната бизнис менаџерка на познатиот пејач Рики Мартин (50) тврди дека поп-ѕвездата ѝ должи нешто повеќе од милион долари, а сега поднела тужба обидувајќи се да го врати делот од парите што ги заслужува, пишува TMZ.

Ребека Дракер во правните документи навела дека го застапувала пејачот од 2014 до 2018 година, а тој повторно ја ангажирал по две години, во мај 2020 година, кога неговиот „личен и професионален живот бил во тотален хаос“.


Поранешната менаџерка тврди дека таа е одговорна за тоа што неговиот живот и кариера се вратиле во нормала. Таа ги завршувала неговите договори поврзани со пишување песни, турнеи и спонзорства и му помогнала да заработи милиони долари на неговата неодамнешна северноамериканска турнеја со колегата и пејач Енрике Иглесијас (47).

Дополнително, Дракер изјавила и дека токму таа го заштитила во 2020 година, кога му се заканувал прекин на кариерата бидејќи ангажирала врвни адвокати кои ја решиле работата, а Рики од целата приказна излегол неповреден, пренесува „TMZ“.


За сиот труд таа требало да добие провизија од три милиони долари, која Мартин никогаш не ѝ ја дал. Таа изјавила дека ја манипулирал и ја лажел, што на крајот ја принудило да се откаже од соработката во април годинава.

Кога таа упорно ги барала парите, Мартин наводно почнал да ѝ се заканува и ѝ велел дека ќе ја замолчи и барал да потпише договор за доверливост, што таа го одбила.

Сега Дракер го тужи пејачот за три милиони долари, плус судска отштета. TMZ се обиделе да стапат во контакт со пејачот, но тој сè уште не одговорил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг