„BBC“: Победата на Украина на Змискиот остров е важна за цел свет – еве зошто

Точка

30/06/2022

22:59

9.070

Големина на фонт

а а а

„Тоа беше клучна битка – и стратешки и симболички“, пишува „BBC“, додавајќи дека Украина остварила голема победа над Русија.

„Руските сили се повлекоа од Змискиот остров кај украинското крајбрежје во Црното море, како знак на добра волја“, соопштило руското Министерство за одбрана, додавајќи дека потегот прикажува дека Русија не се противи на напорите на Обединетите народи да организираат хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од Украина.

Украинците, од друга страна, пред објавата соопштиле дека ги погодиле руските состави на островот. „BBC“ пренесува дека се појавиле и фотографии од островот на кои се гледа како чадот се издигнува во воздухот, па руското известување околу тоа дека се повлекле за да покажат добра волја е малку „неосновано“.


„Во текот на ноќта, како резултат на уште една успешна фаза на воената операција, непријателот брзо го евакуираше остатокот од својот гарнизон од Змискиот остров во два глисери... Моментално е покриен со оган и се слушаат експлозии“, соопштиле Украинците.

„Голема победа на Украина“

Како и да е, пренесува „BBC“, повлекувањето на Русите од Змискиот остров е голем победа на Украина која би можела да има значајни последици по целиот свет доколку Црното море повторно стане сигурно за извоз на храна.

Да ве потсетиме, Змискиот остров се наоѓа на помалку од 40 километри од украинското крајбрежје, а Русија го нападна во првиот ден од инвазијата, додека пак истиот стекна светска слава кога украинските гранични служби кои се наоѓале таму го одбиле барањето од рускиот воен брод за предавање. Од првиот ден од војната се води битка за Змискиот остров.

Змискиот остров бил романски

Гледано историски, Змискиот остров бил дел од романската територија сè додека во 1948 година не му бил отстапен на Советскиот сојуз кој го користел како рударска база. Поради тоа што Романија до 1989 година била под советско влијание, Букурешт го прифатил договорот.


Украина ја презела контролата со крајот на комунизмот, а во 2009 година Меѓународниот суд за правда одредил територијални граници на островот, давајќи ѝ на Романија речиси 80 отсто од епиконтиненталниот појас покрај островот, а на Украина останатиот дел.

Змискиот остров не е само од стратешка корист поради тоа што овој дел од Црното море е богат со ресурси на јаглерод, па хашката пресуда значи дека и двете земји поседуваат резерви на нафта и плин, пренесува „BBC“.

Можеби изгледа дека тоа е мало карпесто парче со мала вредност, но неговата судбина е главниот елемент на руската војна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг