Ѕвездата на „50 Shades of Grey“ го нарекла снимањето на еротскиот трилер застрашувачко: „Да знаев како сè ќе испадне, немаше да ја прифатам улогата“

Точка

30/06/2022

11:29

18.655

Големина на фонт

а а а

Еротската љубовна драма „50 Shades of Grey“ која на гледачите за првпат им беше претставена во 2015 година, стекна вртоглава популарност.

Сепак, зад кулисите работите не биле сјајни, а главната актерка Дакота Џонсон открила како се чувствувала снимајќи еден таков филм.

Дакота која во филмот му е партнерка на актерот Џејми Дорнан, истакнала дека гледањето на филмот понекогаш било непријатно искуство, но дека неговото снимање било далеку „полошо“.

„Бев млада. Имав 23 години така што беше застрашувачки. Се пријавив да работам сосема поинаква верзија од онаа која ја снимивме на крајот. Едноставно стана лудо. Имаше многу несогласувања“, признала Џонсон која во филмот го толкува ликот на Анастасија.

Актерката истакнала дека никогаш не можела отворено да зборува за своите вистински чувства за филмот бидејќи сакала да ѝ го претстави на публиката во најдобро светло.

„Горда сум на она што го направивме на крајот и сè испадна како што треба, но беше непријатно“, вели таа.

Дакота открила дека авторот вршел „огромна креативна контрола“ врз актерите секој ден, барајќи да се случат одредени работи.

„Постоеја делови од книгата кои едноставно не би функционирале во филмот, како внатрешните монолози кои понекогаш беа неверојатно вулгарни. Би било дегутантно да ги изговориме на глас. Водевме постојани битки“, изјавила Дакота.

Сепак, откако режисерот Сем Тејлор-Џонсон ја напушти франшизата по првиот филм, режисерот Џејмс Фоли внесе „поинаква енергија“ во следните две продолженија.


Џонсон се осврнала и на гласините дека таа и Џејми влегле во конфликт зад сцената, инсистирајќи дека тоа не е вистина: „Знам дека е чудно, но тој ми е како брат“, вели таа.

На крајот заклучила дека не би ја прифатила улогата да знаела како сè ќе испадне на крајот, но дека не се кае поради снимањето. Дакота додала дека, и покрај тоа што е чудна, трилогијата била одлична за нејзината и за кариерата на Џејми.

По гореспоменатата улога, Дакота се најде во центарот на вниманието, а потоа доби улоги во некои многу популарни филмови како римејкот на хоророт „Suspiria“, филмот „The Lost Daughter“ и новото остварување „Cha Cha Real Smooth“.

Американската актерка можеме да ја гледаме и во адаптацијата на Нетфликс, „Persuasion“, на популарната Џејн Остин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг