Анкета во Србија: Вучиќ е попопуларен од Путин за само еден отсто

Макфакс

29/06/2022

20:38

8.213

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател Александар Вучиќ е за само еден отсто попопуларен од Владимир Путин во Србија. Ова го покажало истражувањето на „Демостат“, пренесува „Н1“.

Најпопуларен српски политичар, по Вучиќ е претседателот на Република Српска – Милорад Додик, а граѓаните го доживуваат Виктор Орбан како домашен лидер.

Едно од прашањата на анкетата – истражувањето било и тоа кои луѓе граѓаните на Србија ги сметаат за најблиски кога е во прашање опкружувањето.

Секој трет испитаник рекол дека тоа се Црногорците, а четвртина ги сметаат Македонци за најблиски.

Доколку утре има референдум за влез на Србија во Европската Унија, „ЗА“ би гласале 34 отсто од граѓаните, додека 51 отсто од испитаниците се против влез во Унијата.

Истражувањето на „Демостат“ е спроведено во периодот од 13 до 22 јуни, а во него учествувале 1.203 граѓани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг