Лидерите на НАТО најавија нов стратешки концепт којшто ја опишува Русија како „најзначајна и најдиректна закана на безбедноста и стабилноста на сојузниците“.
Да ве потсетиме, лидерите на НАТО во 2010 година го потпишаа последниот клучен документ, во којшто е изложена визијата на НАТО.
Основната идеја на тој документ билa долгорочно партнерство со Русија, својот стар соперник од Студената војна.
Дмитри Медведев којшто тогаш бил на чело на Русија, бил на самитот во Лисабон каде тој документ бил потпишан.
Но, во документите кои го опишуваат стратешкиот концепт, НАТO ја обвинува Русија дека сака да „воспостави сфери на влијание и директна контрола - присилно, со субверзија, агресија и анексија“.
НАТО наведува дека Москва во постигнувањето на тие цели користи конвенционална војска, но и сајбер и хибридни алати.
„Руското трупање на војската во регионот на Балтикот, Црното море и Медитеранот, заедно со воената интеграција со Белорусија претставува предизвик за нашата безбедност и интереси“, пишува во новиот стратешки концепт.
Во документот се изразува и загриженост поради модернизација на руските нуклеарни сили и заканите на Москва со нуклеарно оружје, но и развој на „новите и разрушувачки системи“.