Како да возиш 272 км/ч со "маунт-бајк"?

Точка

29/06/2022

19:07

36.062

Големина на фонт

а а а

Елиас Шверцлер постави нов Гинисов светски рекорд.

Колку брзо може да се вози со маунт-бајк? Колку брзо треба да се вози со ваков велосипед? За повеќето од нас тоа се две многу различни прашања. За Елиас Шверцлер, сопственикот на нов светски брзински рекорд од 272 км/ч, овие прашања се исти.

Германскиот велосипедист поставил нов брзински рекорд од 272 км/ч со својот "Scott bike", додека бил влечен од мотоцикл.

Ваквото достигнување можеби не звучи тешко кога ќе слушнете дека бил влечен со мотоцикл, но дефинитивно ќе се согласите дека тоа е премногу страшна и опасна брзина за да ја возите со велосипед.

Само гледајќи ги неговите раце и тоа како го балансира велосипедот ќе направи да се испотите. Да се движите на маунт-бајк со толкава брзина мора да е некој вид на екстремен спорт.

Погледнете го целиот, за среќа успешен обид, за кршење на светскиот рекорд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг