„Не сум се шишала 17 години“: Косата ѝ е долга 2 метри, а од пунџа ја боли главата! Сакала да биде принцеза, а еве што добила

Кармин

29/06/2022

16:27

7.106

Големина на фонт

а а а

Ја пуштила косата затоа што сакала да ја истакне јапонската култура, бидејќи долгата коса е симбол на јапонските принцези од Хејан периодот.

Рин Камбе од Токио (42) има коса долга неверојатни два метри и 10 сантиметри, а не ја скратила цели 17 години.

Со оглед на тоа што е висока само 165 сантиметри, често мора да ја врзува косата во пунџа за да ги извршува секојдневните обврски. Но, таа ја мести косата неколкупати во текот на денот бидејќи е многу тешка, па ја боли главата.

На Рин ѝ требаат цели три часа само за да ја измие косата, а уште два часа да ја исуши. Таа на својот Инстаграм профил често објавува слики и видеа од косата на кои објаснува и покажува како се грижи за неа.

„Ако ја пуштам, имам проблеми речиси со сè што правам. Лесно се сопнувам, тешко ми е да одам во тоалет или да се пресоблечам. Кога косата ми е пуштена, не сакам да излезам од дома“, вели Рин.

Иако понекогаш се жали дека не може да направи некои работи, таа ја обожава својата коса и сака таа да расте уште повеќе и да биде уште подолга. Таа вели и дека луѓето често ја прашуваат дали косата ѝ е вистинска, па се чудат кога ќе им каже дека е.

Рин пред дваесетина години работела како танчерка и во тоа време имала кратка боб фризура, која по сè се разликува од долгата коса што ја има денес.

Решила да ја пушти косата бидејќи кратката фризура не ѝ била посебна, а сакала да се истакне и да ја покаже јапонската култура.

„Кога ќе се разбудам наутро, ми требаат помалку од десет минути да ја исчешлам и стилизирам косата бидејќи со годините создадов рутина. Понекогаш, кога сум во брзање, можам да го направам тоа за пет минути. Всушност, воопшто не е толку тешко да се одржи“, објаснила таа.

Рин додала дека не размислува да ја скрати во понормална должина бидејќи повеќе не може да се замисли поинаку, а, како што вели, така сите ја забележуваат и паметат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk