„Иако живеам во Лондон, дотука можам да почувствувам колку се горди моите блиски“: Точка интервју со една од дизајнерките на Златен Даб Limited Edition лименките

Точка

29/06/2022

19:44

193.780

Големина на фонт

а а а

Руки Чуки (нејзиното уметничко име) е една од дизајнерите на Златен Даб Limited Edition лименките. Дизајнерката, која живее и работи во Лондон, за Точка открива дека со години црта и твори, а со графички дизајн и дигитална илустрација се занимава повеќе од 10 години.

За тоа како дошло до соработка со Златен Даб и воопшто идејата таа да биде една од дизајнерките на нивните Limited Edition лименки, прочитајте во интервјуто во продолжение.

Од каде инспирацијата за дизајнирање на Златен Даб Limited Edition лименките?

Златен Даб лименка е предизвик на секој илустратор да бидам искрена, доста е интересно да се најде начин како она што е инспирација за моите лични проекти да се претопи во ваков производ. Мислам дека со Даб имаме и генерално слична инспирација…Слободата, другарувањето, љубовта, уживанцијата, нашите различности, идејата дека светот е розов, со по некој златен детаљ е мал дел од инспирацијата за оваа лименка.


Како дојде до соработката со Златен Даб воопшто?

Бев исконтактирана од маркетинг агенцијата Футура за овој предлог и не ми требаше многу време да се одлучам на соработката.

Колку време Ви беше потребно за дизајнирање на една лименка од Златен Даб Limited Edition?

Искрено не можам да искалкулирам колку точно трае целокупниот процес затоа што во последно време не работам “во еден здив”, туку сакам малку скиците да “одлежат” за да можам да бидам сигурна дека се оди понатаму или се враќаме неколку чекори назад. Во ваков случај дури мислам дека е и нормално да се одвои повеќе време затоа што сепак се работи за процес кој што не трпи многу напред-назад… Поготово назад. :)


Може ли да нѝ го објасните процесот на дизајнирање на овој тип на продукт?

Од првичниот краток опис на проектот веднаш почнав да скицирам. Јас лично многу сакам да се посветам на скицирање или на таа прва фаза и мислам дека најмногу време губам на тоа затоа што ми е основа за се понатаму. Дополнително бев и во константна комуникација и со тимот на Футура за техничките спецификации. Од кога се одлучивме на финалниот дизајн останаа уште неколку чекори во однос на типографијата и бојата и дизајнот беше готов и спремен за печатење.

На што треба најмногу да се внимава при дизајнирање на ваков тип на проект?

Најмногу мислам дека треба да се внимава на тие технички спецификации кои што не дозволуваат многу компромис. Паметно е да се дискутираат истите пред да се отпочне со било какво скицирање за да не дојде до големи измени. Тоа се доста комплексни “правила” кои што го диктираат дизајнот на некој начин и убаво е да се знаат од самиот старт. Тоа можеби и беше единственото ограничување да бидам искрена. Останатото е само како уметникот ќе се вклопи што е супер предизвик.


Какви се реакциите од купувачите на новиот дизајн на Златен Даб Limited Edition лименките?

Јас живеам во Лондон и ако ми верувате дотука може да се почувствува колку се горди моите блиски. :)


Колку младите уметници од Македонија се вклучени во вакви проекти, што е она што недостасува?

Гледам дека оваа линија на Златен Даб си има некаков континуитет што значи доста уметници биле и се вклучени во овој конкретен проект за кој што сигурна сум дека ќе продолжи со истото темпо. Не можам да кажам од далеку што недостасува меѓутоа можам да ги поздравам ваквите иницијативи секогаш.


Автор: Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг