За некои луѓе велат дека се родени под среќна ѕвезда. Токму таква е ѕвездата на Антониа Гиговска.
Освен што агендата со настапи ѝ е преполна и речиси секој ден е во различен град, таа успеа да стигне во Сокобања, Србија и да ја подигне наградата „Поп пејачка на годината“.
На таква вест не можете да не кажете браво! Но, кога станува збор за нејзиното име и презиме, мислењата во јавноста се поделени. Многумина велат дека арогантноста преовладува кај оваа млада пејачка, а оние кои што ја познаваат го кажуваат сосема спротивното.
Гиговска во интервјуто за „Бекстејџ“ зборуваше и за приватниот живот, а се осврна и на шпекулациите за нејзината наводна разделба од Иван.
Нејзиниот карактер можеби не им се допаѓа на многумина, но тоа не е случај и со музиката која таа ја прави. Недоамна ја објави својата нова песна „Атлантида“, а објави уште една со наслов „Око моје“.