Тони Зен: „Се враќам на македонската музичка сцена бидејќи тоа ѝ го должам на публиката“

Точка

29/06/2022

14:50

6.594

Големина на фонт

а а а

По неколкугодишна пауза од македонската музичка сцена, повторно се враќа човекот кој пред десетина години беше еден од најслушаните изведувачи на домашната музичка естрада.

Тони Петковски, во јавноста познат како Тони Зен, има нов сингл со наслов „Планот“. Во ова време – невреме за сите уметници, тој одлучи повторно да го прави она што најдобро го знае, а тоа е музиката. Ново време, нови визии, нови цели.


„Целата приказна почна од поривот и љубовта за творењето. Се инспирирав од музиката и поддршката на моите пријатели и соработници Нино Васков и Ики, со кои работевме долги години. Идејата со оваа песна е дека сето она што ни било зацртано низ времето го остваруваме и прикажуваме на ваков начин, затоа што ова ни е задача и љубов од многу одамна. Се чувстувам должен кон публиката бидејќи долго време бев отсутен, ова враќање е токму за нив, инспириран од младите, но секако и од постарите артисти, музиката мора да продолжи без оглед на се. Сакам да се претставам на наш, македонски начин“, вели Тони Зен.

Музиката, аранжманот, миксот и мастерот го направија Илија Цветковски - Ики и Нино Васков, а за видео записот одговорен е Огнен Шапковски – „Мелем продукција“.

Премиерата за новиот сингл „Планот“, ќе се случи денеска во 20:00 на официјалниотЈутјуб канал на Тони Зен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг