Фиорентина добива засилување од европскиот шампион

Дерби

29/06/2022

13:20

2.907

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот прволигаш Фиорентина забележа одлични резултати минатата сезона која ја заврши на седмото место во Серија А што донесе излез во Европа во Конференциската лига.

Ако на ова се додаде дека тимот играше и во полуфиналето на италијанскиот Куп тогаш повеќе од јасно е дека „виолетовите“ можат да бидат задоволни, но таа кампања е веќе зад и желбата е овие резултати да бидат надминати во сезоната 2022/2023.

Поради тоа се бараат засилувања, а според италијанските медиуми едно ќе пристигне од европскиот шампион Реал Мадрид. Последните информации говорат дека двата клуба се договориле за Лука Јовиќ кој како позајмен играч ќе ја мина наредната година на „Артемио Франки“.

Од претходно се говореше за оваа зделка, меѓутоа имаше одредени детали од договорот на кои Реал инсистираше како задолжителен откуп или опција за тоа, ама на крајот ова ќе биде чиста позајмица во која шпанскиот прволигаш ќе плаќа 50 проценти од неговата плата или 3 милиони евра.

Лука има 24 години, член е на Реал од 2019 година, меѓутоа не се снајде на „Сантијаго Бернабеу“, па еден период мина на заем во Ајнтрахт Франкфурт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг